Недостатокот на квалификувани работници е голем проблем во Германија. Додека многу работни места остануваат непополнети поради ниски плати или тешки услови, постојат и професии со високи примања кои малкумина сакаат да ги работат. Според германските медиуми, пет такви професии се:

Месар- Месарите можат да заработат до 49.400 евра годишно, но работата со месо и мртви животни е физички напорна и непопуларна.

Гробар- Работата вклучува секојдневен контакт со смртта, но заработката може да достигне до 43.900 евра годишно.

ТВ планер- Познат и како ТВ дизајнер или програмски директор, се занимава со организирање телевизиски програми со потенцијална плата до 78.400 евра, но несигурната работна позиција и високите притисоци ја прават професијата стресна и непопуларна.

Работник за собирање отпад-  Раководителите земаат плата до 91.300 евра, а работниците околу 39.600 евра годишно. Професијата се избегнува поради физичкиот напор и начинот на облекување.

Свештенство – Пастори и католички свештеници заработуваат во просек 53.800 евра, а највисоките позиции до 85.400 евра, но професијата останува непопуларна.

И покрај високите плати, овие професии ретко се избираат поради специфичните задачи, емоционалниот товар или физичките барања.

Фото:архива