Ричард Гренел, специјалниот пратеник а претседателот Доналд Трамп за специјални мисии, неодамна го повика српскиот претседател Александар Вучиќ да го следи патот на САД, а не патот на ЕУ.

„Европа е во неволја – нејзините економии страдаат поради Брисел.

Иновациите се речиси мртви. Компаниите не растат.

Вучиќ треба да го следи патот на САД, а не патот на ЕУ“, напиша Гренел на 21 јануари на платформата Х.

Неговата објава доаѓа по објавата на Марта Кос, комесарот за проширување на ЕУ. Таа напиша:

„Се сретнав со претседателот Вучиќ и разговаравме за реформите што Србија треба да ги спроведе на нејзиниот пат кон ЕУ. Се согласивме да работиме заедно за обезбедување на енергетската безбедност, намалување на зависноста и работење заедно за независна Европа.“