Франција не успеа да се пласира во полуфиналето на ЕП, откако беше поразена од Германија во последниот меч од групната фаза со 38-34.
Од која позиција ќе одат во битката за финале, Германците ќе дознаат вечерва после завршување на мечот меѓу Данска и Норвешка. Франција беше немоќна од стартот на мечот, не поведе ниту еднаш на мечот.
Хрватска е вториот патник од групата 2 во полуфиналето, откако ја совлада Унгарија со 27-25. Во Хернинг оди од првото место, а со кого ќе игра ќе биде допрва познато




