Поради протест на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата.

Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои четврти ден поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото  за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за регионот од кој во протестот се вклучени камионските транспортери од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Додека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фото: Архива