Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи. Вчерашното излагање во Собранието може да се разбере како притисок врз Обвинителството, што е за секоја осуда, но ако се има предвид кој го смени обивнителот и кој сака обвинител под своја контрола, сѐ е јасно, се вели во соопштението од СДСМ, што го објавуваме интегрално.
Со промена на обвинителот и планираниот избор на обвинител под своја контрола власта го погреба правосудниот систем за да се спаси од одговорност за криминалните тендери, но и да им дели задачи што и како да работат.
Ова е дел од планираното сценарио во рамките на црната кампања на ВМРО и обидот за линч на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку измислен рекет.
За ниедна бомба, за ниеден скандал што го објави СДСМ за криминалните тендери на ВМРО-ЗНАМ нема реакција на Обвинителството.
Не допира гласот до Обинителството за 161 тендер за една фирма на другарот на Мицкоски, за 51 тендер преку општините само за една фирма блиска до ВМРО, не допира гласот за скандалот со 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милион евра во „Пошта“ за фирмата блиска до ЗНАМ.
Нема допрен глас за овие скандали. Не само по допрен глас, никаква реакција нема од институциите.
Имаме чувство. Затоа и нема реформи во правосудството, туку целосна контрола во канџите на ВМРО.
Фото: Архива




