На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од утре стартува санкционирањето преку проектот „Безбеден град“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци –
непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

– Системот „Безбеден град“ е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци, велат од МВР..

МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.