Градоначалникот на едно романско село со 166 жители, кое нема вода за пиење, ниту канализација, оди на работа со хеликоптер вреден 800.000 долари, објавуваат телевизијата „Диџи 243 и веб-страницата „Хотњуз“.
Жителите на селото Бребу Ноу во округот Карас-Северин немаат ниту вода за пиење ниту канализација.
Сепак, неговиот градоначалник користи хеликоптер за службени цели, купен за 800.000 долари од Австрија на име на компанија што ја поседуваат тој и татко му, објавува „Диџи 24“.
Градоначалникот Габриел Бордија изјави дека леталото е негова сопственост, дека сака да лета со хеликоптер и има дозвола за управување. Сепак, местата на кои слетува се нелегални и не се официјално овластени, забележуваат медиумите.
„Диџи 24“ истакнува дека селото Бребу Ноу, во кое живеат 166 луѓе, е едно од најмалите населени места во Романија и не е поврзано со водоводна и канализациска мрежа.
Фото: архива




