Пратеникот Петар Ристески, во гостување на „Само вистини со Видиновски’’ на Канал 5, даде свое мислење дека зад лиценците кои ги добивале фирмите, како и самите фирми стои Зоран Заев.

„Се знае кој ги доделуваше тие лиценци и како, и кој го промовираше тој бизнис. Тој човек има име и презиме и се вика Зоран Заев. Во еден момент од 21 таква лиценцирана фирма, 13 беа во тесна врска со него, неговото семејство или негови блиски, како што е сега фирмата во Ново Село каде што се одземени 30 тони дрога’’, истакна Ристески.

Ристески пројави и сомнеж во делот на Законот, каде што како што вели тој има измени во правилникот за одгледување на канабис, што кога бил носен овој Закон тоа не било предвидено.

„Зошто и како до сега не било реагирано, а имаше случаи претходно со фабриките во крушевско, струшко, охридско, да излегуваат вакви афери, но ЈО не реагирало како сега. Ќе видиме што ќе произлезе од овој случај, но очигледно е кој стои зад овој бизнис. Стои Зоран Заев, неговото семејство и неговите блиски. Како што гледаме во Струмица, газда на фирмата од која што е запленета сета оваа количина на марихуана, е многу близок пријател на Заев’’, заклучи Ристески.