Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“, апелира Жаклина Пешевска.
-Тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината. Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит! Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа опасна порака до сите девојчиња и жени дека јавниот простор е место каде навредата е дозволена.
Тоа не смееме да го нормализираме, вели Пешевска.
Порачува дека Дафина Стојаноска е пример за силна, гласна и храбра жена која не се повлекува пред притисоци и напади, туку достоинствено ја брани својата позиција.
-Го повикувам Клубот на пратенички и сите жени во Собранието, без оглед на политичката боја, да застанеме јасно и заеднички против ваквиот говор. Денес е нападната една пратеничка, утре метата може да биде било која од нас. Достоинството на жените во политиката е прашање на вредности и на демократска зрелост, рече таа.




