СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Х.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.
На 08.01.2026, пријавениот изнајмил возило од рент а кар компанија од Скопје и требало да го врати за три дена, но во меѓувреме го продал на друго лице.




