Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција.
-Апелираме до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови: движете се внимателно во планински услови, избегнувајте ризични и стрмни терени, користете соодветна безбедносна опрема. Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата, истакнуваат од НП „Шар Планина“.




