Шпанија соопшти дека наскоро ќе обезбеди хуманитарна помош за Куба преку Обединетите нации, во време кога островот е зафатен од длабока економска криза, влошена поради притисокот од Вашингтон.
„Шпанија ќе обезбеди хуманитарна помош (…) за Куба преку системот на ОН во форма на храна и основни производи“, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи, без да го прецизира распоредот или износот на помошта.
Соопштението е објавено по состанокот во Мадрид меѓу шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Алварез и неговиот кубански колега Бруно Родригез, кои разговараа за „тековната ситуација во Куба по заострувањето на ембаргото на САД“.
Куба се соочува со сериозна енергетска криза по прекинот на снабдувањето со нафта од Венецуела по падот на Николас Мадуро и поради заканите од Вашингтон за воведување тарифи за земјите што продаваат нафта на Куба.
Комунистичката влада на Куба вчера воведе низа вонредни мерки со кои се ограничува продажбата на гориво и се намалува јавниот превоз во земјата погодена од прекини на електричната енергија и недостиг на храна и лекови.




