Градоначалничката на Рим и Католичката црква се во спор поради парите од фонтаната Треви.
Секоја година од таа фонтана се вадат монети вредни 1,5 милиони евра, и парите традиционално одат во Каритас за помош на сиромашпни.
Но, градоначалничката Вирџинија Раги сака наместо тоа да се искористат за поправање на градска инфраструктура. Тоа е одобрено од градскиот совет, и одлуката во април би требало да стапи на сила.
Но, во Каритас тврдат дека ако останат без тие пари тоа ќе ги погоди сиромашните.
– Не сме се надевала на таков резултат. Се надевам дека тоа не е до крај одлучено, изјави Бенони Амбариус, директор на Каритас.
Фонтаната Треви стара речиси 300 години, секоја година ја посетуваат милиони туристи. Традицијата за фрлање метални пари стана славна по објавувањето на песната на Френк Синатра „Тhree coins in the Fountain“ во истоимената романтична комедија од 1954 година.