Легендарните Ролинг Стоунс на сцена се повеќе од половина век. Несомнено, тие се еден вид феномен кој и натаму опстанува, но какви се не тајни се зад тоа?

Факт е дека секој не може да се занимава толку долго време со музиката и да остави таква трага во историјата. Сепак, дури и оние кои немаат такви аспирации имаат многу да научат од овие легенди.

Научете да преживеете

Многу лоши работи ги погодија овие четворица заедно и индивидуално, но секој пат тие се враќаат на планираните патеки. Без разлика дали тоа е рак, операција на мозок или  самоубиство на партнерот, тие знаат како да го надминат тоа. Обидете се и бидете и вие посилни од она што вашиот живот ви го праќа.

Внимавајте на килограмите

Иако Мик Џегер е единствениот во бендот заразен со фитнес, ниту еден од четворицата нема грам вишок. Сите пораснаа во не многу завидни услови и од тоа научија да бидат задоволни со она што го имаат и да го искористат тоа на најдобар можен начин. Од младоста им останаа тенките фигури и неисцрпната енергија.

Бидете умерени

Факт е дека тие правеа многу работи кои не му се препорачуваат на никого и дека водеа разни битки, но еден од клучевите за опстанок е да не се претерува во ништо. Не дозволувајте нешто важно во вашиот живот да страда поради нешто друго ако тоа може да се избегне и прифатете само онолку колку што можете да поднесете за да не прегорите.

Правете го она што го сакате

Неспорно е дека Стоунси ја обожаваат музиката и го апсорбира секој момент на сцената како да е најдобриот во нивниот живот. А сега замислете се себеси да уживате во тоа што го правите. Мислите дека е невозможно? Само треба да ја пронајдете вистинската работа и посветеност, потоа се ќе ви биде полесно.

Прифатете го стареењето

Некои велат дека Ролинг Стоунс сега се уште поимпресивни отколку кога биле млади, а причината за тоа е што можеби  тие прифатиле сѐ што им се случило и што ќе им се случува. За нив, возраста е само уште еден чекор во одлично патување и тие го користат најдобро што можат. На вас е да се обидете да го сторите истото, па така, бидете свесни не само за тоа што не можете, туку и за она што можете.