По синоќешната објава на премиерот Мицкоски дека меѓу 10-те лица со кривични пријави за запленетите тони марихуана се наоѓа и „поранешен политичар“, СДС паднале во транс, траор завладеал на Бихаќка, пишува Курир. Се отепале од грижа за својот демек поранешен лидер, кој е јавна тајна дека се уште пали и гаси во партијата, та ронеле солзи и смислувале како да го одбранат стопанот и финансиер, кој веќе 14-та година стопанисува со антимакедонската бизнис групација наречена СДС.
И што смислиле? Смислиле дека лек за минималната плата биле „парите“ за владиниот авион, кои никогаш и не биле ставка во буџетот. Веројатно, тие мислат дека се функционира како во нивно време, со милиони во Луј-витон ташни и бугарски и грчки ковчежиња. За куферот, пак, подетално прашајте го Фрле. Лоша навика, која влијае врз нивното непресметливо расудување, обременето со веста дека ЗЗ е на нишан на правдата и органите на прогонот. Нешто што сите, дури и врапчињата, знаеја дека е само прашање на време. Само Филипче и Богданка не знаеја, или не им се слушаше.
Доказ за депресијата и инфантилноста во која падна СДС од жал не за Деспина, туку за ЗЗ, е денешната прес-конференција на портпаролката Кузеска, која освен што беше соодветно облечена во црно заради црната судбина која ја очекува врхушката на СДС, како падната од Марс излезе на говорница и со сиот ум монтипајтоновски побара парите „планирани“ за купување на нов владин авион да се пренасочеле за минимална плата?!
Верувале или не, но еве што таа срочи, небаре парите за авионот кој беше само планиран како идеја поради барањето на самите воздухопловци да се смени 25-годишното сегашно летало, седат во ковчежиња и чантулиња, онака како што „работеше“ лидерот и врхушката за чија судба се толку многу исплашени. Нова поплава на „ветер и магла“ за дефокус од црната судба која ја чека „главата на рибата“ заглавена до гуша во криминал и арамилак. Сега, фатени на препад од весат дека старнците нема да ги заштитат, за промена се крстат во ССМ и ги маслосуваат работниците, истите оние за кои „им чуе“ со децении и кои СДС ги девалвираше и сроза во транзицијата.
„Бараме, парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници.
Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“.
Прифатете го. Направете ребаланс, парите за нов авион пренаменете ги за поголеми плати.
Без изговори. Без калкулации. Работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, срочи Богданка како излезена од скеч на „Топ листа надреалиста“, тресејќи зелени со фацијален израз кој искажуваше силна поддршка и грижа за црната судба која ја очекува врхушката на СДС.
Во превод, толку се во паника и загрижени за судбата на својот лидер, што почнаа да пливаат во „матни води“ и од мака манијакално да манипулираат со ултра-евтини лажни вести, кои се демантираат во рок од 5 минути. Демек, ајваните од Бихаќка не знаат дека пари за авионот никогаш и не биле ставка во Буџетот на државата? Тоа беше само идеја поттикната од пилотите кои мака мачат со старудијата која треба да ја претставува државата, безбедносен крик на авијатичарите кој СДС го злоупотреби за дневно-политички цели. Сетете се само на злорадоста и црниот хумор со кој го толкуваа кажаното од премиерот дека ќе летаат и натаму со стариот авион и ќе се молат да не се урнат. Се згрбавија од цепки.
Во најновата епизода по сценарио на Бихаќка, потиштени до максимум, душевна состојба коај влијае врз нивната и онака тапа инвентивност, ќе се изнаслушате глупости од партијата на залез, чиј катализатор ќе биде процесот против нивниот актуелен и поранешниот лидер, кој и не е така поранешен. Не им е лесно на сиромашките, прадвдата надвиснала над стопаните…
Туку, каде е Заев?
Онака, за другарче прашуваме…

Извор: Курир




