Сенатор Џон КЕНЕДИ
Па, не е баш сè тишина. Конгресменката Окасио-Кортез оваа недела беше во Минхен и даде неколку изјави за надворешната политика.
Да разјасниме, јас не мразам никого, и секако не ја мразам конгресменката. Но, таа е нешто слична како потпретседателката Камала Харис, само со повеќе искуство на шанк. Никогаш не била позната како некој голем експерт за политики.
Ако ја ставите во претседателски прелиминарни избори со Елизабет Ворен или Рам Емануел, би ја „изеле“ без проблем.
Можеби не треба да го кажам ова, но таа може да ми врати. Денес некој ми кажа виц. Рече: „Конгресменката Окасио-Кортез денес категорично изјави дека не е морон.“ И продолжила велејќи дека не ни била во Јута, а камоли да ја прифати нивната религија.
Сега, може да ми врати. Јас навистина не ја мразам конгресменката, но нашиот план како да се справиме со неа, како што сум кажал и порано, отсекогаш бил: операција „Оставете ја да зборува“. И засега, тоа функционира. А мојата порака до мојата „пријателка“, конгресменката, е: само продолжи така.
(Конгресменката Окасио-Кортес е демократка, Си-Ен-Ен ја опишува како „прогресивна“ и е можна идна кандидатка з алидер на Демократската партија во САД. Таа се најде на удар и потсмев откако во Минхен не знаеше да одоговори ан прашањето дали САД треба да го подржат Тајван ако Кина го нападне. Погледнете го видеото. Кога за оваа нејзина реакција беше прашан Трамп, тој рече: „Не знаев дека е глупава!“)



