Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилот ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано. Куќен притвор за лице што веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор. Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола, стои во реакцијата на СДСМ за одлуката за куќен притвор на Груби, што МИА ја пренесува интегрално.

Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судскиот совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д. обвинителка избраа на поранешен заменик-министер на ВМРО.

Власта има целосна контрола врз Обвинителството и судството. Одлуката за куќен притвор ја носи обвинител под скопското Обвинителство, каде што за шеф пред еден месец е избран Анел Фидоски.

Јасно е што се случува.

Дилот ВМРО – ДУИ се реализира пред очите на јавноста и му донесе куќен притвор на Груби.

Прашањето што останува е само што ќе добие сега ДУИ за возврат.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

Фото: архива