ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто оддление.

Нус-ефекти од одземање возила без положен возачки испит. Ќе има ли протести и за 49-годишникот?

Овој пример е реткост во Македонија, најчесто се фалсификуваат факултетски дипломи за да исполнат услови на конкурси со високоплатена работа. Прилепчанецот е раритет…