САД и Северна Кореја планираат средба на високо ниво во Вашингтон оваа недела за разговори за втор самит на нивните лидери по застојот во нуклеарните преговори, објавија јужнокорејски медиуми.

Состанокот на американскиот државен секретар Мајк Помпео и високиот севернокорејски претставник Ким Џонг Чол ќе биде в четврток или в петок.

Двете страни очекуваат да се одреди датум и место за вториот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ком ЏонгУн, објави весникот Чосун повикувајќи се на дипломатски извори.