На 24.02.2026 во 22:30 часот во Полициската станица Кисела Вода од слобода е лишен А.С.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Бит Пазар се обидел со тврд предмет да го нападне И.М., при што кај себе имал и огнено оружје.

Според пријавеното, подоцна И.М. со разни тврди предмети ги оштетил прозорците од куќата на А.С..

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.