Брз и лесен појадок со неколку состојки е паштета од чаден лосос со семки од тиква коишто додаваат крцкава текстура.
Состојките се собираат на едно место и се сецкаат во една целина. Најлесно се готви со рачен мелач ако се приготвува за еден или двајца.
Количината на состојките се зголемува ако е за повеќемина и тогаш може да се користи блендер. Може да се приготви и со сечкање врз даска за готвење.
Се мачка на леб и е прилично вкусна ако се комбинира со маслинки и марула.
Потребни состојки:
100 грама чаден лосос
1 чешне лук
1 супена лажица маслиново масло
1 прстофат сол
1 прстофат власец (може исто толкава количина и сушен кромид)
10-20 лупени суви семки од тиква
ФОТО: Денешен




