Копретседателот на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД), Тино Чрупала денеска ги критикуваше нападите на САД и Израел врз Иран.
– Не ги славам ракетните напади, без оглед на тоа кон која земја се насочени и кој е одговорен за нив. Не можете да ги славите ваквите напади затоа што секогаш се убиваат цивили, можете само да ги осудите, изјави Чрупала за радио РТЛ.
Тој упати критика и кон американскиот претседател Доналд Трамп поради големата офанзива што САД и Израел ја презедоа против Иран.
Тој почна како претседател на мирот, но ќе заврши како воен претседател. Дали тоа го сака? Ќе мора да им го објасни тоа на своите гласачи, особено ако овие напади и ова војување бидат неуспешни, посочи Чрупала.
Според него конфликтот негативно ќе влијае врз зголемување на цените на горивата и ќе предизвика бран бегалци кон Европа и Германија.
Фото: Архива




