Не постои смртен случај во Македонија кој ја потресол јавноста, а кој СДС мизерно не го злоупотребил за освојување дневно-политички поени, пишува Курир во својата анализа.

СТРВИНАРИ кои никаде ги немаше кога истите тие СДСМ/ДУИ беа на власт. Тогаш, ни збор ни протест за 14-те жртви во Модуларната во Тетово, за 45-те загинати во нелиценциран авотобус кај БУГАРСКА Струма, ни реч за 15-те загинати во автобусот кај Ласкарци. Но таму, немаше потреба за „галама“ и политички поени. Та, тие беа на власт, нели?

Во моментот тоа се случува со самоубиство-убиството во скопски Карпош, каде мајка се самоуби фрлајќи се со своето дете. Истиот „крвоследнички“ и бескруполозен манир на СДС претходеше за Фросина, каде веднаш добија силна шлаканица од семејството и јавноста, која ги приземји залетаните партиските некрофили. Следуваеш злоупотребата на кочанската мега-трагедија со пожарот во Пулс. И тогаш и сега, истото го правеа и прават и Левица, покажувајќи ја истата генеза и бескруполозна неолиберална матрица врз основа на која се создадени.

Денеска, истото го продолжи десната рака на Филипче, Тренчевска:

„Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР. Потфрлија центрите за социјална работа. Потфрли целиот институционален систем. Формалното постапување, игнорирањето на законските обврски и непостоењето на навремена реакција доведоа до најстрашниот исход – трагична смрт на мајка и дете. За жал, ова не е изолиран случај.“ го прочита Јована напишаното од Шмрчко.

И повторно, Фројд проработе кај СДС. Погибијата во Карпош не е изолиран случај, тоа е точно. Ова е само дел од широката лепеза на злоупотреби на човечки судбини, исто како што тоа го правеа со трагедиите на Мартин Нешкоски и малечката Тамара, несреќата на Никола Младенов, убиените деца од „Монструм“, а одеа дури и газејќи врз погибијата на 8-те македонски бранители во Диво Насеље и со Заевци собираа мизерни полтички поени ширејќи тешки и нечовечки лаги.

Сите овие случаи испаднаа конструкции на СДС и Заев, грда нехуманост која е белег на нивното дејствување во минатите години. А чуму Филипче, кој е поставен директно од Заев, би бил поинаков?

Ваквата политичка некрофилија е резултат и последица на безидејноста и апсолутната потонатост во криминалот и корупцијата, на истите тие кои создадоа монструми од судство и обвинителство.

Сега, кога страхуваат од исказот на Груби, имаат уплав од 41 тон марихуана, Модуларната, Онкологија и што ли не, смртта на мајката и ќерката во Карпош е вистинска  „посластица“ за некрофилите од пи-ар кујната на СДС, кои во повеќе наврати покажаа дека немаат срам ниту скрупули.

Кој друг, ако не некрофилските хушкачи од СДС и Левица, кои како бедни лешинари како едвај да чекаат вакви судбини за да нечовечки, полни со омраза се нафрлат врз своите политички опоненти кои поинаку на секое можно поле народски кажано буквално ги „мачкаат на леб“ и се супериорни во дејствувањето, настапот, ставот, економските,  државните и национални политики?

Ајде, да се потсетиме, за сите оние „Неверни Томи“, кои се уште се надеваат дека во оваа мизантропска, шарена партија има останата макар и трунка човештина, наспрема голиот интерес, опортунизам и бескруплозност која таму владее со децении.

Минатиот пат, кога како и сега беа во заслужена опозиција, во која и требаше да останат да не беше местенката од 27-ми април, СДС имаше ТРИ СТОЛБА на нивната „програма“ за враќање на власт. Три крајно опортунистички и бескруполозно злоупотребени човечки трагедии, кои по бедната логика на „повторувањето е мајка на знаењето“, крволочно како расипани плочи катадневно ги потенцираа и повторуваа.

Трагичните животни приказни на МАЛАТА ТАМАРА, МАРТИН НЕШКОВСКИ и НИКОЛА МЛАДЕНОВ. Тажни приказни врз кои нечовечните мизантропи од Бихаќка направија „кариера“, влечејќи ги нивните имиња по протести, дебати, митинзи, „колумни“, медиуми, портали. Три случаи кои остануваат црно петно на партијата која деновиве ита кон итна пасокизација и политичка пензија. И пак, за да не дојдат до повикување на Чом да им го изгаси светлото, повторно, по лоша навика, користа нечија зла коб и трагична судбина.

За волја на вистината, ТРИТЕ случаи кои СДС ги злоупотребуваше со години, беа ставени во нивни превртен и извртен колосек и станаа класична ука подобна за изучување на факултетите – како ултра-јасен пример за лажна вест и злоупотреба на нечија судбина, изместен наратив за некрофилско каљање на доминантниот противник, најниска форма на бизарно и крајно мизерно политканство.

Вистината е нешто со што СДС треба да се срами за век и веков. Секако, доколку имаа срам. Сите три случаи кои тие така бескруполозно ги извитоперија беа сосема поинакви. Реално, малата Тамара испадна дека е жртва на сулудите апетити на бизнис ориентираната мајка, грд факт кој го изнедри истрагата. Убиецот на Мартина Нешковски беше законски процесиран, уапсен, суден и осуден. А, токму Зев беше оној кој се поздравуваше со него в затвор. Несреќата на Никола Младенов беше и остана трагичен несреќен случај. Фактите се јасни, а пред нив, велат, и Боговите молчат. Само СДС ги извитоперуваат, без срам и перде.

Сетете се и на лагите за „невините“ убијци од „Монструм“ кои убија невини деца и за уште поневините терористи од Диво Насеље кои ни убија 8 бранители, за монструозните лаги со кои се служеа Заев и антимакедонската банда за да дојдат на власт. Работи кои, за жал, ги има толку многу што дел и ги забораваме.

Контра нив, лешинарите од Бихаќка и нивните партиски испостави во НВО бандата не мрдна со прст при смртта на 14 луѓе кои живи изгореа во тетовската модуларна болница, 45-те души кои згаснаа во нелиценцираниот автобус во Бугарија, за Ласкарци и дузина други трагедии од времето на нивното владеење. Двојни аршини и крајно безобразие, со терање на водата кон сопствената, забегана политичка воденица.

Затоа, нека не не’ изненадува новиот “творечки немир“ не хиените од партијата која во недостиг на вистинска инспирација и идеи, шклопоција на „гурање“ преполна со неработници и сеирџии, сега повторно сака да пренасочи, злоупотреби и искористи во своја полза нечија трагична судбина. Велат, старите кучиња не можат да научат нови трикови. Истото, за жал, го гледаме и кај СДС со обидот за пренасочување на револтот во најновиот случај кој видно ја вознемири и потресемакедонската јавност, повеќе од трагичната судбина во кој згасна животот на еден млад, полетен и талентиран млад човек.

Играњето со човечките емоции и ваквиот стил на дејствување е доминантна карактеристика на неолибералните групации, партии и организации. Новокомпонирани пи-ар ќелепури, забрчанци и макијавелисти.

Веќе видено насекаде низ светот, но и нешто што на македонски астал лично веќе го искусивме со т.н. Шарена револуција, која беше само шарена дееволуција, бедотија која од државата направи протекторат, а од учесниците мајмуни. А, да се потестиме, СДС одамна нема ниту абер од социјалдемократија во себе. Партијата повеќе од деценија е заложник на Заевите муртински и малограѓански бизнис аспирации и комплекси, искомбинирана со доминантна сопственост на Сорос, луциден хохштаплер кој сега и јавно со свои пулени ги пополни највисоките функции на Бихаќка.  А во Канвас школите на соросоидните субверзивни пиони, злоупотребата на граѓанскиот гнев и револт е основа на постоењето. Екипа која во таа средина плива како риба во вода, крволочно и сеирџиски прихранувајќи и насочувајќи го граѓанскиот бес и револт, користејќи како погодни алатки тажни настани кои ним им одговараат во наративот.

А, ако веќе се лутите, лутете се на себе, на ајварџијата, марихуанџија и трчи-лажи премиер Заев и неговото распупено судство, на вашите Катица Јанева (која ја носевте на маички!), Кацарска и Вилма, против неуставната промена на името, бунтувајте се против неезаконското затворање на патриотите од 27-ми април, притив вашата судијка од Талир 2 која го ослободила убиецот на Фросина, против вашите инструирани и неспособни обвинители, бунете се што го руиниравте и тотално девастиравте системот за да СДС и ДУИ функционерите можат на раат да крадат ко да не виделе, што не мрднаа со години за ниедна трагедија во време на Заевци/Тачевци, што не го пипнаа „сејф сити“ системот кој во мираз им го оставија Коце и претходната влада. Лутете се на себе за непромисленоста (исти фаци од шарената пак на сцена), а народот, тој ви е одамна веќе лут, ифрит, за шарената дееволуција, за октроираната влада, за продажбата на историјата, за се’ што придонесе за девастацијата на системот кој не доведе до ова бедно дереџе.

Е, сега истите тие уривачи на системот и октроирани политиканти ќе се борат да го оправат ситемот кој самите го урнаа?   Да, неизбежна е сликата не педофил во градинка, најблиска споредба со ликот и неделото на антисистемските хохштаплери кои сега ќе го поправаат урнатото од нив самите.

Лутете се на наметната полтронска состојба на умот, навикнат на рушвет, мито и корупција како на „добар ден“, менталитет кој го создадоа Заевци, транзициски Бранковци и нивната новинарско-аналитичарска свита.

Извор: Курир