Њукасл синоќа го победи Манчестер јунајтед со 2:1 во 29. коло од англиската Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл.

Во финишот на првото полувреме фудбалерот на домашниот тим, Џејкоб Ремзи, доби втор жолт картон и беше исклучен. Во шестата минута од продолжението, напаѓачот Ентони Гордон реализираше пенал за водство на Њукасл.

Манчестер јунајтед успеа да израмни во 45+9. Минута преку Каземиро.

Во целото второ полувреме Манчестер имаше фудбалер повеќе, но не успеа да искористи ниту една од неколкуте убави шанси за гол. Тоа го казни Вилијам Осула во 90. минута за голема радост на домашните навивачи.

Њукасл има 39 бода и е на 12. место на табелата во Премиер лигата. Ова беше прв пораз на Манчестер Јунајтед под водство на Мајкл Карик. Тимот е на 3. место со 51 бод.