Иранскиот заменик-министерот за надворешни работи, Казем Гарибабади негира дека Иран го нападнал Азербејџан, кој претходно соопшти дека два ирански беспилотни летала ја погодиле неговата автономна енклава Нахчиван, вклучувајќи ја и зградата на аеродромот.
„Исламската Република Иран не ја нападна Република Азербејџан. Ние не ги напаѓаме нашите соседни земји. Политиката на Иран е само да ги напаѓа воените бази на неговите непријатели кои се активни во регионот и се користат за напад врз Иран, вклучувајќи ги и оние на САД и Израел, рече Гарибабади во коментар објавен од иранска новинска агенција.
Фото: архива




