Ицо НАЈДОВСКИ ПЕРИН

Јас, д-р Ицо Најдовски Перин, активист и уредник на Македонската програма на 3ZZZ, упатувам јавно обвинување за ЧИН НА ПРЕДАВСТВО до Управата на ФОМКУД.

Додека нашето свето македонско сонце од Кутлеш е под директен напад во Мелбурн, Управата на ФОМКУД излезе со срамен „Проглас“. Нè убедуваат да седиме дома и да ги оставиме „на раат“ да работеле. Ова не е дипломатија – ова е почеток на крајот на нашето постоење во Австралија! Овој прв чекор е вовед во целосна деструкција на идентитетот на Македонците!

Кој ни го гаси сонцето од Кутлеш?

Градоначалникот Ник Рис (Nick Reece), кој во јавноста веќе се претставува како „Никос“! Човек кој е под целосно влијание на неговата сопруга Гркинка, Фелисити Пантелидис, и кој отворено изјавува:

„Иако немам грчка крв, јас сум Грк во срцето.“
„Моите три ќерки растат како горди грчки Австралијки.“

Додека овој „филхелен“ ги спроведува грчките агенди и се потпишува како „Nikos Reece“ во официјалните писма до Грчката заедница, нашите македонски претставници од ФОМКУД бараат од народот да молчи и да чека сопствена егзекуција!

НЕМА МОЛЧЕЊЕ ПРЕД ГАЗЕЊЕТО НА КУТЛЕШ!

Нема „мирно работење“ додека ни го уништуваат идентитетот за да му угодат на грчкото лоби. Како долгогодишен борец за македонската кауза, порачувам: Нашето знаме со сонцето од Кутлеш е нашата црвена линија! Ниту Рис, ниту предавниците во нашите редови, немаат право да го избришат македонското име!

СРАМ ЗА ПРЕДАВНИЦИТЕ!
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!