Во 10 часот утрово, по локално време, продолжува расправата во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата, додека пак вечер, околу полноќ пратениците ќе треба да одлучат дали ќе ја поддржат или не владата на Алекисис Ципра, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчерашната расправа во Парламентот траеше 12 часа и заврши, како што и беше предвидено, на полноќ. Прв на пратениците им се обрати грчкиот премиер кој образложи  зошто бара и треба да добие доверба, а веднаш потоа збор зедоа и лидерите на политичките партии.

Првиот ден од расправата за гласање доверба, беше полн со жестоки реакции дискусии и дофрлувања меѓу пратениците, но и лидерите на партиите.

Во текот на денешниот ден се очекува збор да земат пратеници, а непосредно пред гласањето повторно ќе се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според последните пребројувања и јавно изнесени ставови од пратениците, владата ќе ги добие потребните 151 глас за да доверба и поддршка.

Освен 145-те пратеници на СИРИЗА, се очекува, позитивно да гласаат независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита, двајца поранешни и двајца сегашни членови на Независни Грци и поранешниот пратеник од Река, Спирос Данелис.