Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола е уште една алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката. Мрежа која Антикорупцискиот тим на СДСМ континуирано ја открива пред јавноста. Иван Куковски е човек близок до семејството на Мицкоски, а претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска. Мицкоски систематски поставува свои луѓе на клучни позиции во енергетиката – неговиот омилен бизнис, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.

Зошто РЕК Битола е важна алка во бизнис мрежата?

Затоа што кога се произведува помалку струја, Македонија мора да увезува скапа струја.

Кој ја плаќа таа цена? Граѓаните.

Во 2024 и 2025 година загубите на ЕСМ надминуваат 200 милиони евра а производството на струја е историски најамло, од планира 5.000 GWh произведени се само околу 3.000 GWh.

Од офшор компаниите на Кипар, преку Адамовиќ, па до „Руднап груп“ и поврзаноста со Божиновска, до Развојната банка па се до РЕК сè е дел од една иста бизнис мрежа.

Дали сега е јасно зошто на ВМРО-ОКГ им смета кога ги спменуваме СНС и Вучиќ?

За Мицкоски сè е бизнис. А најомилен му е бизнисот со струја.

Затоа, кога ќе ви стигнат високите сметки за струја – сетете се на Мицкоски (ВМРО-ОКГ) и Адамовиќ (СНС), почесниот.

СДСМ