Саудиска Арабија пресретнала и уништила повеќе од 60 дронови изминатата ноќ во богатиот со нафта источен дел од земјата, соопшти рано утрово саудиското Министерство за одбрана.

Најголемите нафтени полиња и објекти во земјата се наоѓаат околу Абкаик и биле цел на повеќекратни напади во војната со Иран.

Министерството објави нова услуга што ќе им овозможи на жителите на земјата да пријават „сомнителни активности на небото“. Опцијата е дел од мобилна апликација за граѓански услуги во Саудиска Арабија.

И Обединетите Арапски Емирати биле, повторно нападнати. Министерството за одбрана на Емиратите пријави „закани од дронови и ракети од Иран“ без да даде дополнителни детали.

Емиратот Фуџаира пријави голем пожар по напад со дронови врз локалните нафтени објекти.

Иран силно ги таргетираше Емиратите во конфликтот, кој избувна на 28 февруари.

Емиратската воздушна одбрана одговори на нападите со околу 300 ракети, 1.600 дронови и 15 крстосувачки ракети. Нападите во Емиратите се со сличен обем како нападите на Иран во Израел.