Најстариот фудбалски клуб на истокот од Македонија, ФК Ударник одигра натпревар во рамки на третата македонска фудбалска лига.

Имено, третолигашкото дерби ФК Ударник Пирава против Победа Валандово заврши без голови, но ова дерби во валандовска Пирава имаше еден вистински победник – а тоа се нанивачите од село Пирава.

„ФК Ударник Пирава уште еднаш покажа како се организира вистински фудбалски спектакл. Организацијата беше на врвно ниво, а атмосферата на трибините беше таква што можат да позавидат и многу екипи од Прва лига. Нашата екипа доминантна на теренот – неколку сериозни шанси, две стативи и една пречка, но за жал топката не сакаше во мрежа. Гостинската екипа немаше ниту еден удар кон нашиот гол, што доволно зборува за играта и борбата на нашите фудбалери“, објави на својот ФК Ударник.

Од ФК Ударник упатија посебна пофалба и за судиската тројка, која го водела натпреварот професионално и коректно.

„И најголемата благодарност оди до нашата публика, која дојде во огромен број и создаде атмосфера достојна за големо дерби. Вие сте нашата сила! Со срце и душа – за Ударник Пирава“, потенцираат од ФК Урдарик.

Имено, генерален впечаток е дека на некои натпревари во Третата лига има повеќе публика отколку во Првата лига.