СДС се обидува да направи спектакл од тоа што не може.

Тврди дека во Македонија има назадување и загрозување на слободата, а во исто време објавува слика којашто ги демантира и го потврдува токму спротивното.

Имено, според извештајот на „Фридом хаус“ за 2025 јасно се гледа дека нема назадување, туку слободите во државата се движат во нагорна линија, односно дека има зголемување на слободата.

И тоа е реткост во регионот, затоа што скоро сите останати држави бележат пад, а тоа може да се види и од сликата којашто и СДС сами ја објавиле.

Во категоријата „делумно слободни“ земји заедно со Македонија со индекс на слобода 67, се и Црна Гора со 69, Албанија со 68, Косово 60, Србија 56 и Босна и Херцеговина 52.

Од овие податоци може да се види дека и тие две земји што се пред нас, Црна Гора и Албанија, пред на се само за поен-два.

Затоа, кога СДС вели дека во Македонија се загрозени слободите, им порачуваме дека во државата ништо не е загрозено, освен опстанокот на СДС на политичката сцена, која стана трета партија во државата и петта во Скопје. И, кои изгубени во својата безидејност, со сигурни чекори се движат кон биолошкиот праг и кон целосно исчезнување.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ