Нема бизнис мрежа, има октопод на СДС, Заев и Филипче кој преку лагите креирани од Башановиќ и Счекич се обидува да го прекрие криминалот и ја поткопува вистината и довербата на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.

Не постои никаква бизнис мрежа, туку само манипулативен октопод на СДС ангажиран од Заев и Филипче кој преку Башановиќ и Счекич се обидува да го покрива криминалот на Зоран Заев и Филипче поткопувајќи ја вистината и довербата на граѓаните.

Единствена мрежа е таа на СДС и Филипче која преку екс советникот на Заев, Зоран Башановиќ и Милјан Счекич, сега е задолжена за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС.

А единствен октопод е манипулативниот октопод на СДС, со раце кои се протегаат преку странски ПР структури, медиуми и политички центри, кој го покрива криминалот и лагите на Зоран Заев и Филипче поткопувајќи ја вистината и довербата на граѓаните.

Токму поради странските ПР агенции ангажирани од Заев и Филипче е опседнaтоста на СДС со српската СНС.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува јавноста да ја следи комуникацијата на СДС и ја повикува СДС јавно да одговори кој ги креира нивните пораки и комуникациски стратегии.

Политичката транспарентност, отчетност и вистината се основата врз која треба да се гради довербата на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ