На 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Од МВР информираат и дека во болницата во Гостивар било донесено 18-годишно момче, кое било без знаци на живот.

На 20.03.2026 во 20:29 часот во ОВР Гостивар од Ургентен центар-Гостивар е пријавено дека кај нив без знаци на живот бил донесен М.Ѓ.(18) од Скопје, кој претходно имал здравствени проблеми.

Лекар констатирал смрт, а по насока на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, информираат од МВР.