Брисел не ги претставува интересите на европските граѓани, туку интересите на украинското раководство. САД сакаат мир, додека Брисел и Киев сакаат продолжување на војната. Пријатели, да зборуваме отворено. Европската демократија умира. Умира поради економски неуспех, поради цензура и поради мешање во изборите. Брисел не ги штити договорите, туку ги предава. И тоа се случува сега, пред изборите во Унгарија. Отворено се бара про-бриселска и про-украинска влада. Тоа нема да се случи, исктана премиерот на Унгарија Орбан на големата десничарска конференција CPAC (Conservative Political Action Conferencе) која се одржува во Будимпешта. Неговиот говор МИА го пренесува интегрално.

Виктор ОРБАН, премиер на Република Унгарија

Добар ден. Добар ден, пријатели мои! Прекрасни луѓе од целиот свет. Добредојдовте повторно во Будимпешта.

Се сеќавам дека пред една година заедно ја славевме победата на претседателот Доналд Трамп. Тоа беше огромен успех за патриотските сили во светот. Родова пропаганда и „woke“ идеологијата се повлекоа. Гордо го прифаќаме христијанството како темел и одржувачка сила на нашата цивилизација. Она што е природно, повторно е вистина. Мајката е жена, таткото е маж, а семејството е најстарата и најважната институција на нашите народи.

Прогресивната цензура заврши, можеме без последици да кажеме дека не сакаме миграција, ја ограничивме зелената лудост. Создадениот свет може да се заштити само во согласност со економските интереси. Двете мора да работат заедно. Светот може да му се заблагодари на претседателот Трамп за оваа промена. Ви благодарам многу. И ние, Унгарците, лично имаме многу за што да му се заблагодариме на претседателот Трамп.

По студените демократски години, пристигна златната ера на унгарско-американските односи. Повторно има безвизно патување, постигнати се стратешки договори во енергетскиот сектор и се договорени повеќе од десет високотехнолошки американски инвестиции.

Каква година имавме и надвор од Унгарија. Јужна Америка пред нашите очи прави десен пресврт. Националните сили на Родриго Паз ја презедоа Боливија. А силите на Хосе Антонио Кас го ослободија Чиле. И тука е, односно ќе биде, нашиот пријател Хавиер Милеи.

По децении левичарски хаос, претседателот Милеи ја намали инфлацијата, го среди буџетот, ги стабилизира јавните финансии и дури ја намали сиромаштијата. Тој покажа дека здравиот разум е клучот за успехот, а не прогресивната лудост. Ја укина родовата пропаганда, ја исфрли зелената утопија од економијата и докажа дека луѓето напредуваат кога им се дозволува да работат. Во Аргентина се одржаа среднорочни избори, кои Хавиер и неговата партија убедливо ги добија. Денес Аргентина е бастион на десничарските сили, а Хавиер, како што ќе видите, е глобална рок-ѕвезда на западните вредности. Добредојде во Будимпешта, Хавиер. Добро што си тука!

И тука во Европа станавме посилни. Бабиш и Андреј Бабиш победија на чешките избори, на вистински чешки начин, со фрлање на бриселското виножито низ прозорец. Во Чешка повторно владее здравиот разум. Нема силна Централна Европа без Чесите. Честитки, Андреј, имаме големи очекувања од вас. Со вас сме, и по терористичкиот напад против вас.

И, почитувани дами и господа, ја очекуваме Полска да се врати. Веќе се тука со една нога. Минатата година партијата на мојот пријател Матеуш Моравјецки, Право и правда, победи на претседателските избори во Полска. Од В4, Вишеградската четворка, веќе имаме 3,5. Ги чекаме парламентарните избори во Полска.

Дами и господа, денес меѓу нас е и патриотски шампион од Кавказот, премиерот Иракли Кобахидзе. Во устата на руската мечка, под постојан притисок од Европската Унија и покрај постојаните напади од либералните прогресивци, тој стои цврсто зад суверенитетот на Грузија. Најхрабриот народ во Европа денес е грузискиот.

И во Германија се тресе тлото: постојано малтретирање од тајните служби, цензура, закани. Пријатели, тешко е денес да се биде патриот во Германија. Затоа од срце ја поздравувам најхрабрата политичка лидерка во Европа, која ќе ни се придружи – Алис Вајдел.

Пред два дена се одржа самит на Европската Унија, како што знаете. Секако, знаеме дека се зборуваше за нас. Сакаат да се занимаваат со нас. Но најважно беше тоа што повеќе западноевропски лидери најавија дека ако повторно започне миграциски бран поради војната на Блискиот Исток, без разлика на правилата на ЕУ, ќе ги затворат границите – како што Унгарија направи пред 10 години.

Веднаш помислив на мојот пријател Герт Вилдерс, бидејќи тој со години сам ја водеше оваа борба во Западна Европа. Драг Герт, без тебе немаше да стигнеме до тука. Не само Холандија, туку цела Европа може да ти биде благодарна. Добредојде, те очекуваме.

Го поздравувам Сантијаго Абаскал. Тој е мојот шеф. Ова е опасно, па ќе кажам само: не можеме да посакаме подобар лидер од него. Добредојде. И го поздравувам Андре Вентура.

Драг Андре, кај нас Унгарците има една изрека: една ластовица не прави пролет. Ти си тој што реши дека можеш сам да ја направиш. Благодарение на тебе, во Португалија сè уште не е лето, но веќе доаѓа пролет. Ти посакуваме многу успех.

Со најголема почит го поздравувам Милорад Додик. Пријатели, тој ја заслужи титулата најголем преживеан. Американски санкции, германски притисоци, босанско малтретирање. Верувајте, ние ќе падневме на колена и од половина од ова. Но тој не. Тој стои цврсто. Браво! Благодариме што си со нас, Милорад!

И конечно, пријатели, зад секој голем настан стојат луѓе кои ги реализираат големите идеи. Затоа го поздравувам и му се заблагодарувам на Миклош Санто, генералниот директор на Центарот за основни права, и на неговиот тим. Ви благодариме што го организиравте овој настан.

И дозволете ми од далечина да го прегрнам и Мат Шлеп, лидерот на Американската конзервативна унија. Не само што ве поздравувам, туку ве прегрнувам. Многу ни значите. Не само поради вашата организациска работа, туку затоа што за нас во Унгарија сте повеќе од организатор – вие сте пример за христијански политички борец. Се восхитуваме на вашата истрајност и ви благодариме што сме ваши пријатели.

Драги пријатели, ги поздравувам сите тука, во срцето на Будимпешта. Ова е најголемиот отворен „заговор“ во светот. Уште една-две години и целиот западен свет ќе биде обоен во патриотски, национални и конзервативни бои, токму како што планиравме пред неколку години.

Она што се случува сега е најголемото политичко преуредување во последните 100 години на западната цивилизација. Центарот на оваа промена се САД, а европскиот фронт е Унгарија.

Ние се занимаваме со политика, но всушност се бориме за душата на западниот свет. Таа борба се води на повеќе нивоа: на универзитетите, во академиите, во црквите, па дури и во економијата. Ние сме на политичката фронтова линија на оваа борба.

Зошто токму таму? Затоа што ние веруваме во нашиот народ. Ако не веруваме во најдлабоките инстинкти на нашиот народ, тогаш немаме што да бараме во политиката. Тоа го научивме од Маргарет Тачер.

Тоа е она што нè обединува. Ние, конзервативците, веруваме во нашиот народ, каде и да живееме. Го застапуваме интересот на нашата нација и одговараме само пред нашите гласачи. За нас, нашата нација е на прво место.

Долго време мислевме дека тоа нè разделува. Но сфативме дека ако сакаме да ги победиме прогресивните глобалисти, мора да размислуваме и меѓународно.

Дами и господа, во Европа имаме тешка задача. Прогресивните сили се вкоренија во Брисел. Ова е нивната последна тврдина. Во најголемите европски земји сè уште владее левицата.

Но нашите американски пријатели се во право: Брисел ја доведе Европа во неодржлива состојба. Не европските граѓани, туку мигрантите беа на прво место. Тероризам, криминал, антисемитизам, антихристијанство и економска криза – тоа го донесоа тие политики.

Зелената агенда ја уништи европската индустрија. Фабрики се затвораат, индустрии исчезнуваат, а милиони луѓе се соочуваат со отпуштања. И покрај сè, за Брисел сега на прво место не е Европа, туку Украина.

Брисел не ги претставува интересите на европските граѓани, туку интересите на украинското раководство. САД сакаат мир, додека Брисел и Киев сакаат продолжување на војната.

Пријатели, да зборуваме отворено. Европската демократија умира. Умира поради економски неуспех, поради цензура и поради мешање во изборите.

Брисел не ги штити договорите, туку ги предава. И тоа се случува сега, пред изборите во Унгарија. Отворено се бара про-бриселска и про-украинска влада. Тоа нема да се случи…

…Сега е редот на нас, Унгарците. Следните избори се тука. Ова е клучна битка. Ако победиме, не само што ќе ја заштитиме Унгарија, туку ќе ја отвориме вратата за промени во Брисел.

Мораме да победиме и ќе победиме. Бидејќи иднината на Европа треба да ја одлучуваат народите, а не бирократите.

Ова е нашата мисија. Нашето време дојде. Напред кон победа. Да ја направиме повторно голема. Ви благодарам што бевте со нас.