Како коалиција имаме коретна соработка и не гледам простор во моментов за коалицирање со други политички партии“, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски по опозициските шпекулации за наводен влез на Зијадин Села во Владата.
– Ќе повторам, образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш, истакна Мицкоски.
Премиерот изјавата ја даде на новинарско прашање во Тетово, каде присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“.




