Енис Барди утре одново како капитен ќе ја предводи нашата најдобра селекција.

Утре тој и неговите репрезентативни колеги ќе имаат тешка задача. Против себе ќе имаат една силна Данска, играме на нејзин терен. Сепак јасно е дека Македонија има свои адути, знае како треба да дојде до резултат кој ќе не израдува сите.

На пресот капитенот покрај другото истакна:

Македонија на големи натпревари умее да одигра најдобро. Научивме многу од поразот против Велс, но сега пред нас е нов голем предизвик и ќе дадеме сѐ да ја исполниме целта. Работевме напорно во овие три дена, анализиравме, се подготвувавме и останува утре да истрчаме на теренот и да покажеме што знаеме.

Ја чувствуваме поддршката од навивачите, ќе ги има и тука околу 2.000 на стадионот, но и од сите други кои ќе гледаат на телевизиските екрани било каде ширум во светот“ посочи Барди.