Еве доказ зошто ВМРО-ОКГ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде што се гледа историски пад на ВМРО и веќе тотално непостоење на ЗНАМ – се посочува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ:

Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе бидат коректив на власта.

Тие се тендер-коалиција – и едните и другите сакаат тендери.

Ниту Максо ниту Мицкоски не работат за плата.

И едниот и другиот имаат ист газда.

Нема политика, само приватен бизнис.

Едниот ја издаде партијата, другиот државата.

И двајцата удираат врз СДСМ – Максо преку Српска лига, ВМРО преку „Платформа“.

Имаат свои играчи – едниот Богдановиќ, другиот Шилегов.

Што најмногу ги поврзува – ЛАГА!

Народот сега сè гледа, лагите повеќе не поминуваат!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

ФОТО: Архива