Најмалку 12 американски војници се ранети при ирански ракетен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, јавија западни медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на САД.
Во нападот, во кој биле користени ракети и беспилотни летала, оштетени се неколку американски авиони за пренасочување на гориво, а двајца војници се здобиле со тешки повреди.
На интернет се објавени и сателитски снимки на кои се гледаат оштетувањата на авионите.
Овој инцидент доаѓа само еден ден по изјавата на претседателот Доналд Трамп дека Иран е „поразен“ и тврдењето на министерот за одбрана Пит Хегсет дека иранските сили се неутрализирани со невидена ефикасност.
Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека во конфликтот, кој трае речиси еден месец, досега се ранети над 300 американски војници. Повеќето се вратиле на должност, но 30 лица сè уште се надвор од стројот, од кои десет се сметаат за тешко ранети. Ова не е првпат базата „Принц Султан“ да биде цел на ирански напади.




