Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков изјави дека секој меч во дресот на Македонија е можност за ново докажување.

“Данска е квалитетен ривал, во првиот дел се боревме добро и да затвориме, но во вториот ни падна концентрацијата по тој примен гол. По анализата и размислувањата, имаше неочекуван пад по првиот гол, треба да се фокусираме на тие моменти, да не паѓаме кога ќе примиме гол и тоа ќе го решаваме во иднина. Следен меч е Ирска, тоа е меч кој сакаме да го победиме. За нас нема пријателски мечеви и официјални, сите се важни. Најважно од аспект од тоа што претходниот меч го загубивме на таков начин, да дадеме се од себе за добар резултат за да се издигнеме нагоре за следните собири и квалификации и да бидеме подобри“, изјави Ѓоко Зајков.

Натпреварот меѓу Република Ирска и Македонија ќе се одигра во вторник, со почеток во 20.45 часот, на стадионот “Авива”.