Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, кој носи хуманитарен товар од 100.000 тони нафта, пристигна на Куба – соопшти денеска Министерството за транспорт на Русија.
Бродот чека на истовар во пристаништето Мансас.
САД дозволија рускиот танкер за нафта да се приближи до Куба, а на крајбрежната стража на САД не ѝ беше наредено да го пресретне бродот, иако има бродови во регионот способни за таква операција. Со ова се избегна можна директна конфронтација со Русија во близина на американскиот брег.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „нема проблем“ со рускиот танкер за нафта крај брегот на Куба.
– Имаме танкер таму. Немаме проблем со тоа некој да добие танкер со нафта затоа што им е потребна… тие мора да преживеат – им рече Трамп на новинарите во авионот „ер форс уан“ додека патуваше од Флорида кон Вашингтон.
Фото: Х




