Косово денеска одобри испраќање војници во Газа за меѓународните безбедносни сили како дел од американската иницијатива по минатогодишното примирје меѓу Израел и Хамас.

Неколку земји, вклучувајќи ги Индонезија, Мароко, Казахстан и Албанија, ветија дека ќе испратат свои војници да учествуваат во Меѓународните сили за стабилизација (ИСФ) и да го одржуваат мирот и да ја поддржат преодната администрација во Појасот Газа под водство на „Одборот за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Косовската влада на седница емитувана на телевизија денеска соопшти дека Министерството за одбрана одлучило да испрати војници во Газа откако добило покана од САД во декември.

– Подготвени сме да учествуваме и да им помогнеме на луѓето од Газа затоа што ние самите бевме и сè уште сме корисници на меѓународните сили од 1999 година – рече премиерот Аљбин Курти на седницата.

Владата не го откри бројот на припадници на вооружените сили што ќе одат во Појасот Газа.

Фото: ИСФ