Христијан Мицкоски ги предаде македонските нациолни интереси и стратешката определба на Македонија да биде дел од Европа, намерно туркајќи ја во изолација, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Додека цела Европа јасно се противи на политиките на Орбан – симбол на корупција, авторитарност и блискост со анти-ЕУ и проруски интереси – Мицкоски јавно застанува во негова одбрана.

Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните.

Европските лидери го критикуваат Орбан за блокади, корупција, за рушење на европските вредности и за ставање лични и бизнис интереси пред интересите на граѓаните, Мицкоски го нарекува „бранител на Европа“.

Ова е истата политика, истата матрица на владеење којашто Мицкоски ја спроведува дома.

Корупција на сите нивоа. Анти ЕУ кампањи. Бизнис интереси и тендерски мрежи.  Поделби на општеството. Гушење на слободата и преземање контрола над медиумите.

Кога Мицкоски вели дека треба да чекаме децении, мисли како да продолжи корупцијата, криминалот, бизнисте а Македонија да биде надвор од ЕУ, црна дупка на Балканот во скутот на странските и руски интереси.

Ова е распродажба на државата, грабеж и предавство на македонските нациолни интереси.

СДСМ и коалицијата ќе се спротивстават на овие намери на Мицкоски. Македонија нема да биде заложник на туѓи политики и туѓи интереси.

СДСМ