Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска пристигна во официјална посета на Србија, информира агенцијата „Танјуг“ и додава дека на аеродромот, каде што неговиот авион слетал во 13 часот и 5 минути, тој бил пречекан од српскиот претседател, Александар Вучиќ.

На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се одржа церемонија на пречек за рускиот претседател, со црвен тепих и постројување на гардата на српската војска.

Aмериканската агенција „Блумберг“ пишува дека Вучиќ ќе настојува средбата да ја искористи за да обезбеди поддршка од Москва за постигнување договор за Косово.