Хрватскиот премиер, Андрија Пленковиќ, видно нервозен поради обвинувањето од пратеникот на Мост, Никола Грмоја, дека работи за интересите на Србија, тргна кон него физички да се пресмета.
На собраниската седница беше дискутирано за прашањето за поглавјата кои Србија ги отвора во ЕУ, а дека Загреб не се ни обидува тоа да го блокира.
На видео снимката може да се види дека Пленковиќ видно нервозен оди кон Грмоја, но неколку пратеници се собраа меѓу нив за да не дојде до поголем инцидент.