По подолго време, на археолошкиот локалитет Стоби повторно е откриено уште едно скриено богатство.
Како што наведуваат од локалитетот на нивната Фејсбук страница, во Куќата на Партениј, пред посетителите повторно се отвора мозаик што со години бил недостапен за јавноста.

-Оваа ретка можност нè враќа во доцноантичко Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја. На фотографиите можете да го видите моментот кога мозаикот се буди од својот зимски сон, повторно откривајќи ни ја својата убавина, наведуваат од локалитетот.
Тие ги повикуваат посетителите да дојдат и да го посетат локалитетот и да го видат тоа богатство.
-Дојдете во Стоби, и откријте дел од приказната што долго време била скриена, сега повторно оживеана пред вашите очи!, се наведува на Фејсбук страницата на археолошкиот локалитет Стоби. (МИА)




