Минатата година во Албанија биле произведени 7,5 милиони мегаватчасови електрична енергија од кои 1,3 милиони мегавати биле изгубени во дистрибутивната мрежа.
Податоците од Регулаторниот завод за енергетика покажуваат дека нивото на загуби изнесувало 17%, во споредба со 17,9% во претходната година.
-Загубите на електрична енергија од 1,3 милиони мегават часови се предизвикани од кражба или амортизација на мрежата. Доколку овие загуби беа потрошени, по просечната цена на електричната енергија од минатата година, економската штета изнесува околу 65 милиони евра, објавија медиумите.
Според владината програма 2025-2029 година, целта е да се намалат загубите на енергија во мрежата на помалку од 12% во рок од четири години. Се очекува овој резултат да се постигне преку употреба на нови технологии за мерење.
Високите загуби во електромрежата директно влијаат на сметките на јавните енергетски компании. Нивното намалување би ги подобрило финансиските биланси, би ги зголемило инвестициите и би поддржало политики за намалување на цените на енергијата за потрошувачите.
Фото: архива




