Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод Велигден до сите верници кои го слават Христовото воскресение според католичката традиција.

-Овој празник носи пораки на надеж, љубов, мир и духовна обнова. Во денови кога се потсетуваме на значењето на меѓусебното почитување, солидарноста и добрината, упатувам искрени желби празничните денови да бидат исполнети со здравје, спокој, радост и благосостојба, пишува Гаши во честитката.

Тој додаде дека велигденските празници треба да послужат како поттик за зацврстување на довербата, разбирањето и заедништвото меѓу граѓаните, како клучни вредности за градење на подобра иднина.

Фото: архива