Компанијата Фејсбук денеска соопшти дека во рамки на најновите напори во борбата против лажни вести укинала стотина налози, страници и групи.

Во соопштението се наведува дека укинатите налози биле поврзани со Русија, како и дека биле дел од големи операции за ширење дезинформации.

Шефот на одделението за кибер-безбедност во компанијата, Натанијел Глејчер рече дека 364 налози биле поврзани со соработници на руската новинска куќа „Спутник“.

Компанијата наведува дека го презеле тој чекот откако откриле две мрежи „кои биле вклучени во координирано неавтентично однесување“ на налозите на Фејсбук и Инстаграм.