Дали за промената на ДУП-от во Тетово, Дака го подмитил Заев со 4 милиони евра? Во аудио снимката во која прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако ја спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренсува интегрално.
Според аудио снимката која е достапна на социјалните мрежи, јасно се вели дека Заев ќе заработи 4 милиони евра доколку се изгради бетонската џунгла во Тетово, која требала да биде со околу 2.000 станбени единици со проценета вредност од 200 милиони евра.
Дали со овие пари Заев и неговиот чирак Филипче купуваа акции во индиската авиокомпанија, или пак купија станови во Дубаи?
Филипче и СДС никогаш не се оградија и дистанцираа од Заев, затоа што тој го води СДС, и одлучува во името на Филипче.
ЈО под диктат на Заев и СДС не ги истражи овие индиции и сомнежи за поткуп вреден 4 милиони евра, затоа го повикуваме повторно да се истражи случајот, затоа што граѓаните заслужуваат правда.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




