СДС, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово. Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра?, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.
Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака.
Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, да прерасне во бетонска џунгла од 2 илјади станбени единици.
Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му донесеа 200 милиони евра, а на Заев би му припаднале 4 милиони евра.
Го ставија ли Заев и Филипче приватниот интерес пред јавниот интерес поради свои лични цели и интереси од кои дебело профитираа?
Кој и колку профитираше од промените на ДУП во Тетово?
Јавноста треба знае и да добие јасна слика за начинот на кој Заев и СДС носеле одлуки што директно влијаат врз урбаниот развој и довербата во институциите.
Случајот со промената на деталниот урбанистички план во Тетово отвора сериозни прашања за тоа дали јавниот интерес бил ставен во втор план на сметка на приватни договори и бизнис интереси на Заев и Филипче.
Дали урбанистичките измени биле носени врз основа на стручни анализи и потребите на граѓаните, или пак биле резултат на договори кои носат енормна финансиска корист за Заев и Филипче?
Дополнително, се поставува прашањето за текот на средствата и нивната евентуална употреба дали тие пари завршиле во приватни инвестиции на Заев и Филипче надвор од државата или биле искористени за понатамошно ширење на влијание и бизнис мрежи?
Надлежните институции имаат обврска темелно да ги испитаат сите наводи и да утврдат дали постои основ за понатамошна постапка.
ЈО да ги испита сомнежите за можни судири на интереси и злоупотреба на функцијата.
Граѓаните заслужуваат транспарентност, отчетност и владеење на правото.
Граѓаните заслужуваат вистина, одговорност и крај на ваквите политички практики.
ФОТО: Машки Магазин




